Што ги поврзува Кристин Лагард, Тејлор Свифт и инфлацијата?

52

Европската турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт не е единствениот фактор што ја одржува високата инфлација во еврозоната, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, според извештајот на Си-Ен-Ен.

Американската поп ѕвезда ги распродаде билетите за нејзините концерти во Европа.

Европската турнеја на поп ѕвездата низ 18 европски градови, која започна во мај, ги зголеми цените, а некои експерти забележуваат значително економско влијание врз градовите во 20-члената еврозона.

„Не е само Тејлор Свифт, знаете“, рече Лагард за Си-Ен-Ен, на прашањето дали турнејата на Свифт ја поттикна инфлацијата на услугите во еврозоната и шпекулациите за одложување на зголемувањата на каматните стапки од страна на Централната банка на Англија.

Инфлацијата на услугите, една од мерките што внимателно ги следи ЕЦБ, остана стабилна во еврозоната на 4,1 отсто во јуни. Базичната инфлација, без енергија, храна, алкохол и тутун, се задржа на 2,9 отсто во однос на претходниот месец, што е малку под консензусната прогноза од 2,8 отсто.

Во исто време, вкупната инфлација падна на 2,5 отсто во јуни, во споредба со 2,6 отсто еден месец претходно, според очекувањата во анкетата на Ројтерс меѓу економистите.