Што им е заедничко на Италија, Кина и Јужна Кореја?

47

Италија, Кина и Јужна Кореја се три најголеми земји извозници на тестенини во светот, покажуваат податоците од анализата на World’s top exports.

Минатата година, Италија од извоз на тестенини инкасираше 2,9 милијарди долари. Зад нејзе се најде Кина со извезени тестенини вредни 923 милиони долари, додека извозот на Јужна Кореја достигна 556 милиони долари.

Меѓу првите 10 најголеми извозници на тестенини се и: Турција (552 милиони долари), Тајланд (501 милион долари), Белгија (341 милион долари), САД (336 милиони долари), Германија (283 милиони долари), Индонезија (258 милиони долари) и Холандија (239 милиони долари).

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Грција (28-ма), од каде што лани се извезени тестенини од 50 милиони долари. Словенија е 59-та со извоз од 9,6 милиони долари, Србија е две места подолу со извоз на тестенини во висина од осум милиони долари, додека Хрватска е 70-та со извоз од 4,5 милиони долари. Босна и Херцеговина е 84-та со извоз од 932.000 долари, Бугарија е 89-та со извезени тестенини во висина од 686.000 долари, додека Македонија е на 100-та позиција со извезени тестенини од 205.000 долари.

Фото: Pixabay