Што прават милијардерите во време на пандемија – Некој донира, друг пие Кока кола

334

Милијардерите можеби имаат подобар пристап до тестирање за коронавирус од луѓето кои немаат толку многу пари, но со оглед на тоа што властите ширум светот бараат социјална дистанца, не постои голема разлика меѓу милијардерите и обичните луѓе.
Еве како некои од најбогатите луѓе во светот ја толерираат епидемијата на коронавирус.

Илон Маск сè уште оди на работа, додека на своите вработени им порача дека не мораат.

“Ќе бидам на работа, но тоа сум само јас“, напиша Маск во мејл до вработените во Tesla.

“Сосема е во ред ако сакате да останете дома од која било причина“, додаде тој. Маск, исто така, напиша дека јавноста претерала со пандемијата. “Моето искрено мислење е дека штетата од паника предизвикана од епидемија далеку ја надминува штетата направена од самиот вирус“, напиша Маск.

Бил Гејтс го најави своето пензионирање од одборот на Microsoft и Berkshire Hathaway за да се фокусира на филантропија.

“Одлучив да се повлечам од Microsoft и Berkshire Hathaway за да посветам повеќе време на филантропија, вклучително и глобално здравје и развој, едукација и зголемување на ангажманот во борбата против климатските промени“, објави Гејтс на LinkedIn.

Гејтс претходно предупредуваше дека светот не е подготвен за пандемија.

“Заканата од смртоносна пандемија е еднаква на заканата од нуклеарна војна и климатските промени“, рече Гејтс во 2017 година. “Иновациите, соработката и внимателното планирање можат драматично да ги намалат ризиците од секоја од овие закани“, рече Гејтс.

Сопственикот на Amazon, Џеф Безос разговараше во Белата куќа и сака да ги ангажира оние работници кои ги загубија своите работни места.

“Amazon е во постапка да ангажира 100.000 нови вработени за да одговори на зголемената побарувачка. Сакам да знаете дека Amazon и понатаму ќе ја врши својата работа и нема да престанеме да бараме нови можности за да помогнеме“, рече Безос.

Инвеститорот Ворен Бафет се пошегува дека пие Кока кола, за да се заштити од коронавирусот.

Основачот на Alibaba, Џек Ма донира милиони тестови и маски во погодените области.

Фото: Pixabay