Што сè ќе содржи футуристичкиот град Neom што ќе се гради во Саудиска Арабија

97

Саудискиот принц Мохамед бин Салман уште пред две години најави изградба на мега град вреден 500 милијарди долари.

Футуристичкиот град којшто треба да се наоѓа во северозападниот дел на Саудиска Арабија планирано е да биде “врвно достигнување“ што ќе ги обедини сите индустрии и ќе го даде најдоброто за своите жители, пишува Tree Hugger.

Neom, според наводите, ќе биде “место каде што најголемите умови и

таленти ќе имаат најдобро платени работни позиции“. Еве што е планирано градот да вклучува:

Летечки такси – луѓето ќе патуваат со летечки такси било каде во градот и пошироко.

Вештачки дождови – ќе се користи специјална технологија што ќе произведува вештачки дожд.

Роботи слуги домовите ќе бидат “опремени“ со роботи кои ќе ги извршуваат домашните задачи.

Врвни медицински установи каде што ќе се работи на проекти од типот модифицирање на човечкиот геном за луѓето да станат посилни.

Диносауруси роботи – градот ќе има сопствен Jurassic Park остров каде што ќе има роботи рептили.

Песок што ќе свети во темница – плажи со песок што емитува светлина во ноќта.

Врвна безбедност – принцот ветува дека ќе биде применета сета расположлива технологија за следење и детектирање, па според тоа нема да има можност за криминал

Вештачка Месечина – планирана е и голема вештачка Месечина што ќе обезбедува дополнителна светлина ноќе па дури и слики од вселената.

Фото:Facebook