Што се показатели на ликвидност?

1112

Фото: Pexels

Финансиската писменост е многу важна, како за претприемачите, сопствениците на бизнис, студенти по економија, така и за потенцијални инвеститори и сите оние кои на директен или индиректен начин имаат потреба од анализа на финансиските извештаи.

Позициите од финансиските извештаи, во апсолутен износ, на корисникот не му даваат доволно информации за состојбата во којашто се наоѓа компанијата. Неопходно е информациите да се споредат и анализираат за да може да се добие јасна слика.

Едни од поважните индикатори за финансиското “здравје“ на компанијата се индикаторите на ликвидност. Тие ја покажуваат способноста компанијата навреме да ги сервисира достасаните обврски.

Показател за тековна ликвидност = тековни средства (залихи + побарувања + готовина)/краткорочни обврски

Показателот за тековна ликвидност или current ratio го покажува односот меѓу тековните средства и краткорочните обврски на компанијата, а резултатот пожелно е да биде два.

Показател на моментална ликвидност = тековни средства – залихи / краткорочни обврски

Показателот за моментална ликвидност или quick ratio во оптимални услови би требало да изнесува еден.

Нето обртни средства (working capital) = тековни средства – краткорочни обврски

Working capital го покажува износот на средства што му стојат на располагање на претпријатието по подмирување на тековните обврски. Потенцијалните инвеститори обрнуваат внимание и на овој показател бидејќи од него зависи можноста на компанијата да ги подмири обврските и да ги прошири обемот на работа.