Сигурносно стакло од Прилеп за шест месеци прикажа загуба од 845.000 денари

31

denari-1

Сигурносно стакло од Прилеп во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа загуба во висина од 845.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првото полугодие во 2016 година, компанијата оствари загуба од 760.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти јуни оваа година изнесуваат 1.928.000 денари и целиот износ е остварен на домашен пазар.

Основна дејност на компанијата е трговија на мало со метална стока, бои и стакло и издавање и управување со сопствен недвижен имот.