Сити Хол центарот веќе е претпознатлив бренд за организирање на настани

282
biljana klopcevska
Билјана Клопчевска, сопственик на City Hall Center

Местото што порано беше познато како Хард Рок Диско, сега е Сити Хол центар, простор кој нуди можност за организирање секаков вид на настани. За Билјана Клопчевска, сопственик на Сити Хол, предност е тоа што се мала компанија која секогаш во секој момент може да излезе во пресрет на секое барање.

БИ: Колку време постои City Hall Center и од каде идејата за отворање на еден ваков мултифункционален и модерен простор во центарот на градот?

Идејата за отворање на ваков центар ја имавме одамна, единственото нешто што ни недостасуваше беше соодветен простор кој може да ги покрие сите потребни карактеристики како што се квадратурата, достапност и паркинг простор. Во моето претходно работно искуство бев соочена со предизвиците кога стануваше збор за организација на настан и барање на нешто ново и неконвенционално. Во 2011 година почнавме да преговараме за преземање на објектот кој е во сопственост на Министерството за култура и кое со години луѓето го познаваа како Хард Рок Диско во центарот на градот. Откако успеавме да го преземеме, почнавме со изготвување на идејно решение. Беше навистина интересно, бидејќи сакавме мултифункционалност и трансформација на простор од 700м2 во секое време. Заедно со Стоун Дизајн направивме едно модерно и софистицирано место, кое веруваме дека ќе задоволи сечиј вкус. Го срушивме целото место, го изнивелиравме целиот простор, поставивме системи за вентилација, греење и ладење, изградивме ѕидови, дрвени завеси, кабини за симултан превод и се што треба за да изгледаме модерно, а воедно да исполниме услови за секаков тип на настан. Просторот е поделен на три дела (бар, фоаје и студио), додека сите контроли на техника и светло се управуваат од една соба која си ја викаме режија. Навистина се исплатеше трудот и средствата вложени во овој проект.

Сити Хол центарот постои веќе трета година и како и сите бизниси, така и нашиот, сега почна да се етаблира и да биде претпознатлив бренд кога станува збор за организирање на настани.

5

БИ: Во City Hall Center има можност за организирање настани од најразличен тип, но што начесто се организира откако почнавте со овој бизнис?

Точно е дека можеме да организираме секаков вид на настани, но најчести од самиот старт се конференциите и работните состаноци, како и корпоративните забави. Од почетокот, па до сега имаме редовни клиенти кои се задоволни од нашите услуги и на кои реално им требале нови места за организирање на состаноци. Интересно е дека скоро секој кој доаѓа во нашиот центар со себе носи позитивна мисла од минатото и времето кога ова место било диско. Сега веќе почнавме и со организација на журки и концерти. Навистина е интересно како може да се трансформира ова место.

БИ: Што е она што им го нудите на Вашите клиенти, по што сте препознатливи и по што се разликувате од конкуренцијата?

Имајќи предвид дека преземавме диско, тука останува и предноста дека ја имаме целата опрема од самото диско, како што се озвучувањето и осветлувањето кои се доста битен фактор при организирање на забави, прослави и свадби. Нудиме комплетни решенија без дополнителни торшоци за разубавување и уникатност на самиот настан. Располагаме со сопствен инвентар и декорации кои секогаш ги ставаме на располагање за нашите клиенти. Нашата предност е што сме мала компанија која секогаш во секој момент може да излезе во пресрет на секое барање. Исто така, со оглед на тоа дека не располагаме со кујна, предност е што може да се направи настан и притоа да си избереш од каде ќе дојде кетерингот. Работиме со многу ресторани и нудиме голем избор на менија. Нашиот капацитет се мери со оној на поголемите хотели во градот, но всушност сме многу поразлични.

13

БИ: Кои настани, според Вас, што досега биле организирани во City Hall Center биле најинтересни, необични и Ви оставиле посебен впечаток?

Како највпечатливи може да ги споменме оние на Т-мобиле, Мак Ауто Стар, прославата по повод Св. Трифун и Валетајн на општина Центар во 2013, Роденденот на Авон, полноќните концерти на Џез фестивалот во октомври секоја година, новогодишните детски претстави на Алкалоид и Вип Оператор и многу други.

БИ: Какви се Вашите планови во иднина?

Како и секој бизнис, така и ние сакаме да растеме и да бидеме избор број еден кога станува збор за организација на настан. Во иднина би сакале да најдеме искусен партнер кој ќе инвестира во делот кујна која ќе ги опслужува нашите редовни клиенти како на настаните, така и редовно во кафе барот.

11

12

14

1

4