Скопско доби четири златни медали од Monde selection

40

de9598f1-892c-4df2-803c-00de7091890cИнститутот за селекција на квалитет Monde selection, кој е една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот, признаена од Европската Унија, додели четири златни медали на Скопско пиво.

Престижната награда за квалитет Скопско ја доби во конкуренција од над 3.000 производи од 80 земји ширум светот. Во категоријата на пива, Скопско е единственото од поширокиот регион кое на годинешната селекција е наградено со златен медал за највисок квалитет. Во светски рамки, покрај Скопско, наградени се уште само десетина пива.

Од 1978-та година кога е доделен првиот медал од Monde Selection па се до сега, високиот квалитет на Скопско е награден со над 200 медали, трофеи и останати високи меѓународни признанија.

Врвното достигнување на Скопско пиво е доволен повод за Пивара Скопје АД да отпочне со програма наречена Ние го сакаме пивото, чија цел е негување на пивската култура во земјава и ширење на позитивната приказна за пивото, започната пред 7000 години.

“Исклучително сум задоволен од успехот што во континуитет го постигнуваат Скопско и останатите наши пивски брендови. Тој успех во глобални рамки е резултат на нашата заедничка посветеност да ги произведеме и да им ги направиме достапни на нашите потрошувачи најдобрите пива на светот, пива со исклучителен и потврден квалитет, пива кои го дефинираат пазарот и сите нас во Пивара Скопје не прават исклучително горди што на различен начин учествуваме во нивното создавање”, изјави Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел, на настанот што се одржа во Пивара Скопје АД.

На настанот, исто така беше промовирана и првата група вистински амбасадори на пивото во Македонија, составена од 12 претставници на Пивара Скопје АД чија мисија ќе биде да ја шират вистината за пивото, неговата уникатна вредност и начинот на производство до што поголем број луѓе кои ќе бидат негови уверливи гласници и поддржувачи.