Скопско Radler во ново модерно пакување

29

radlerУште една иновација на македонскиот пазар од Пивара АД Скопје – Новото модерно пакување на Скопско Radler сега има ring pull капаче за лесно отворање.

“Задоволството и желбите на потрошувачите за нас се од најголемо значење. Оттука произлегува и нашата постојана посветеност за воведување новитети на пазарот во вид на нови вкусови, но и иновативни пакувања кои ќе ги задоволат очекувањата на потрошувачите. Таков новитет е новото практично пакување на Скопско Radler со кое овој пијалак станува подостапен за сите негови љубители” изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје.

“На ваков начин дополнително го зајакнуваме имиџот на овој пијалак кај младите и активни луѓе, кај кои Скопско Radler стана синоним за двојно освежување. Уверени сме дека Скопско Radler со своето модерно и практично пакување ќе освои уште повеќе приврзаници”, додаде Хаџи-Ангелеска – Начевска.

Ring pull затворачот им овозможува на потрошувачите лесно и едноставно да го отворат својот омилен пијалок.

Скопско Radler во новата стаклена амбалажа од 0,33л ќе биде достапно за потрошувачите ширум Македонија со иста малопродажна цена како и до сега. Во малопродажните места потрошувачите и понатаму ќе можат да пронајдат во лименка од 0,5л.