Smart Forest City – паметен град што комбинира технологија и зеленило

80

Италијанскиот архитект Стефано Боери претстави концепт паметен град којшто е планиран да “никне“ во Канкун, Мексико.

Smart Forest City Cancun ќе се простира на зелена површина од 400 хектари, на којашто ќе има засадено 7,5 милиони растенија и 2,3 милиони дрвја за секој жител, пишува Clad Global.

Освен јавното зеленило и приватните паркови, градот ќе вклучува и зелени покриви и фасади, што ќе придонесат да се апсорбираат 116.000 тони јаглерод диоксид годишно.

Градот ќе биде опколен од прстен формиран од сончеви панели и полиња на коишто ќе се одгледува храна. Водата ќе се собира во систем поставен на краевите од градот пред истата да биде прочистена и дистрибуирана преку канали и подводни цевки.

Целта е паметниот град да има циркуларна економија во сите сфери, со тоа што отпадот ќе биде минимизиран, а ресурсите постојано искористени.

Фото: Pixabay