Со богатството на Безос може 180 пати да се “обвитка“ планетата

32

Основачот на Amazon, Џеф Безос покажа и докажа дека кризата предизвикана од пандемијата не му може ништо, па постојано го зголемува своето богатство. Според најновите проценки, Безос сега располага со над 200 милијарди долари. Овој износ за многумина е само мисловна именка, па може само да се замисли како изгледа толкаво богатство.

Одговорот на ова прашање го дава астрофизичарот Нил де Грас Тајсон на Twitter. Со 200-те милијарди долари може да се “обвитка“ целата планета Земја 180 пати или 30 пати од Земјата до Месечината, а од остатокот да се направи “кула“ висока 10 километри.

Фото: Twitter