Со чии акции најмногу се тргуваше минатата недела?

73

Акциите на НЛБ Банка, Комерцијална Банка, Макпетрол, Алкалоид и Гранит се најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, во период од 27-ми до 31-ви јануари, покажува неделниот преглед.

Вкупниот промет во текот на работната и трговската недела изнесуваше 1.788.207 евра или пад од 38,36%, во споредба со претходната недела. Пад од 42,37% има кај бројот на трансакции, коишто достигнаа 306.

Пазарната капитализација, во период од 27-ми до 31-ви јануари, достигна ниво од 3.341.552.664 денари или 0,17% во однос на минатата недела.

Вредноста на индексот МБИ10 на 24-ти јануари изнесува 4.933,48 поени или 1,25% повеќе одошто претходната недела.

Фото: Pexels