Со платежните картички направен промет од над 26,5 милиони евра

27

Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра.

Според сумираните податоци што ги објави Ангеловска на Facebook, од околу 330 илјади кои биле на листите, платежната картичка ја зеле 309 илјади граѓани, додека од вкупно префрлените 28,3 милиони евра кон банките, искористени се 26,8 милиони евра за издадени картички. Од нив, како што пишува Ангеловска, 26,5 милиони евра се потрошени за купување на домашни производи, а разликата, ќе биде вратена во Буџетот.

Најголема реализација или 97% има кај невработените лица и здравствените работници, а најниска кај младите лица (90 %). Поточно, на 113 илјади невработени и приматели на социјална помош им се доделени 16,5 милиони евра, на 111 илјади вработени со ниски примања- 5,4 милиони евра, на 81 илјада млади- 4 милиони евра и на 4 илјади здравствени работници- 900 илјади евра.

Граѓаните кои ги имаат домашните платежни картички ќе можат и понатаму да ги користат како нормални дебитни картички.

Како дел од третиот сет економски мерки што ги презема Владата за спрачување со последиците од кризата предизвиката од ковид-19 врз економијата се и домашните платежни картички. Ваква картичка добија луѓе со ниски примања, граѓани со мали плати, ученици и студенти и здравствени работници кои се ангажирани во справување со коронавирусот.