Софискиот аеродром оди по концесија 35 години

70

Бугарското министерство за транспорт потпиша договор со конзорциум предводен од фондот Meridiam за управување со аеродромот во Софија на период од 35 години, јавува Ројтерс.

Meridiam, којшто соработува со германскиот аеродром во Минхен, победи на тендерот за оператор на аеродромот Софија. Тендерот беше организиран во јули минатата година, а Meridiam понуди надомест за концесија од 24,5 милиони евра и инвестиции од 608 милиони евра.

Фото: Freepik