Sony објави остар пад на профитот, но бизнисот со игри го спасува

18

На 8-ми август, јапонската мултинационална Sony објави пад на профитот од 31% во првиот фискален квартал, бидејќи нејзиниот оддел за осигурување на живот „дојде на дното“.

Но, за разлика од нив, силните перформанси на компанијата во видео игрите доведоа до зголемување на приходите за 33 проценти.

Sony, сепак, очекува одлична година за својот бизнис со PlayStation. Компанијата претходно соопшти дека очекува да продаде рекордни 25 милиони PlayStation 5 единици во тековната финансиска година, која завршува во март 2024 година – во споредба со 19,1 милиони единици претходната година, објави CNBC.