Сопружници од нула изградија бизнис, а сега се најбогати Словенци

190

Иза и Само Логин се наоѓаат на врвот на листата 100 најбогати Словенци, којашто седма година по ред ја објавува магазинот Manager.

Вкупниот имот на најбогатите 10 е 5,8 милијарди евра, што е за 147 милиони евра повеќе од минатата година.

Имотот на брачниот пар Логин, кои се основачи на компанија за забавни мобилни апликации Outfit7 се проценува на 689 милиони евра, исто како лани. Компанијата основачите ја продадоа во јануари 2017 година на кинеската компанија United Luck Group за милијарда долари.

Ни на второто место нема промени и се наоѓа Санди Чешко, сопственик на Студио Модерна. Во првите 10 е и Марко Пистотник уште еден поранешен сопственик на Outfit7 со 210 милиони евра.

Оваа година има шест нови милионери на листата, а меѓу нив се кошаркарот Горан Драгиќ со 51,4 милиони евра и хокеарот Анже Копитар со 31,5 милиони евра.

Фото: Facebook