Србија: Угостителските објекти ќе имаат одговорно лице за спроведување на мерки против Ковид -19

43

Србија ги заостри досегашните мерки поради тоа што во изминатите два дена бројот на заразени е над 200 дневно.

Задолжително носење маски на отворено, локалните самоуправи не смеат да издаваат дозволи за собирања на поголема група луѓе, белградската Арена од понеделник повторно ќе биде претворена во ковид-болница, рестораните ќе мора да имаат одговорно лице за спроведување на мерките внатре во објектот, се дел од новите мерки што денеска ги донесе Кризниот штаб во Србија.

По седницата на Кризниот штаб, директорката на Институтот за јавно здравје на Србија, доктор Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, нагласи дека сегашната епидемиолошка состојба во државата е загрижувачка поради порастот на бројот на пациенти со коронавирусот.

“Заштитни маски треба да носат сите. Постојано и во секоја можност и на отворен простор, рече таа.

Работното време на угостителските објекти ќе остане до 23 часот, но дека сите објекти ќе мора да имаат одговорно лице кое ќе биде задолжено за строго спроведување на превентивни мерки.

За работата на угостителските објекти се пропишани строги мерки – задолжително да се влезе со маска, која може да се тргне кога гостинот ќе седне на маса, но ако оди до тоалет или го напушта објектот ќе мора повторно да ја стави.

Фото: Pixabay