Средните компании ги добија првите фактури од Energy Delivery Solutions

19

Средните македонски компании, кои влегоа во втората фаза на либерализација на пазарот на електрична енергија и потпишаа договори за снабдување со Energy Delivery Solutions (ЕДС), ги добија првите фактури за потрошена струја кои се за над 25% пониски во однос на оние пред либерализацијата.

“Многу сме задоволни што либерализацијата покажа резултати на терен за кои многумина сметаа дека нема да се случат со падот на монополот на ЕВН. Задоволни сме дека новите пазарни услови кои ги постави ЕДС како компанија која има најголем пазарен удел и балансна група во либерализираниот пазар на струја ги следат и другите намалувајќи ги цените. Тоа е само показател дека политиката за која се залагаше ЕДС има реален ефект кај македонското стопанство“, велат од ЕДС.

ЕДС е македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар. Во нејзиниот состав засега работат единствените лиценцирани брокери на берзата за струја.  ЕДС котира на меѓународната берза за набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката.

“Третата фаза на либерализација е само продолжување на политиката на ЕДС за понуда поинаква од досегашните услови. Тоа значи многу пониска цена и многу подобри услови за соработка со новите компании. Покажавме и во пракса дека соработката со нас носи позитивни ефекти за компаниите кои значат многу во заштедата на средства. Тоа се однесува и на домаќинствата“, истакнуваат од ЕДС.

Од септември оваа годиа започнува третата фаза на либерализација на пазарот на електрична енергија кога на слободниот пазар ќе излезат малите и средните компании. Додека на почетокот на идната година треба да започне и последната фаза, односно  либерализацијата на пазарот за домаќинствата.