Среднорочно буџетирање планирано за од следната година

48

budzetiranje-pixabay

Фото: Pixabay

Од 2019 година сакаме да почнеме со среднорочно буџетирање, да излеземе од рамките во коишто се планира само тековната фискална година и да имаме план за следните три или четири години, најави министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето обраќање на главниот панел на конференцијата Euromoney – најголемата конференција од областа на финансиите во Централна и Источна Европа, што се одржува 23 година по ред во Виена, стои на официјалната страница на Министерството за финансии.

Според него, на оваа реформа ќе се работи во соработка со Меѓународниот монетарен фонд.

“Заедно со ММФ ќе работиме на имплементирање на фискалните правила, на механизми со кои ефикасно ќе го контролираме нивото на јавниот долг. Една од клучните придобивки е дека ќе го промениме начинот на планирање и ќе се подобри таргетирањето особено кај социјалните надоместоци и земјоделските субвенции, со што ќе се подобри нивната ефективност“, рече тој.

На конференцијата во Виена присуствуваа над 1.100 учесници, вклучувајќи министри за финансии, гувернери на централни банки, директори на финансиски институции и инвеститори. Министерот Тевдoвски беше еден од говорниците, заедно со Евалд Новотни, гувернерот на Централната банка на Аврстија, Вардан Армија, министерот за финансии на Ерменија, Мамука Бактаџе, министерот за финансии на Грузија, Здравко Мариќ, министерот за финансии на Хрватска, Вилиус Шапока, министерот за финансии на Литванија и Душан Вујовиќ, министерот за финансии на Србија.