Станбен кредит со подобрени услови од Стопанска банка

11

stanoviСтопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им излегува во пресрет со подобрени услови за станбен кредит.

Со најновата понуда која започна од вчера и ќе трае се до 20 јуни годинава, банката овозможува клиентите полесно да се одлучат да дојдат до домот кој го посакуваат, без административните трошоци и трошоците за проценка. Редовните административни трошоци изнесуваат просечно 350 евра по клиент, додека трошоците за проценка, изнесуваат 60 евра во просек.

Каматната стапка на станбениот кредит на Стопанска банка од 5,85% годишно е гарантирана за првите три години, која важи за клиентите кои ја примаат својата плата преку банката. По истекот на периодот со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 7,25% годишно, која повторно важи за клиентите кои ги добиваат своите примања преку Стопанска банка. Стапката на вкупните трошоци изнесува 7,23% годишно.