Стари веспи претворени во модерни канцеларски столици

172

vespachair1Ретко кој би помислил дека легендарната веспа ќе биде редизајнирана и тоа како дел од канцелариска опрема. Студиото Bel & Bel, со седиште во Барселона, му даде една нова димензија на ова возило претворајќи го во интересна столица, пишува My Modern Met.

Scooter Chairs се изработени од шасијата на оригиналите веспи од 80-тите, обложени се со вештачка кожа и нивната висина и положба може да се прилагоди според потребите на корисникот.

Столиците се достапни во повеќе бои, а на себе имаат и целосно функционално светло во облик на фар. Освен тоа тие се и ергономски и се движат на мали тркалца како и вообичаените канцелариски столици.

Секоја од нив е рачно изработена и нумерирана, а поради својата уникатност бројката на Scooter Chairs е ограничена.
vespachair7vespachair6vespachair4vespachair5