Стотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX

22

Еден месец, од 15 јуни до 15 јули, сите ја имаа можноста да се пријават на наградниот предизвик на VIVAX објавувајќи слика на својот фејсбук профил како навиваат за својот омилен тим.

Правејќи го тоа и следејќи ги официјалните правила, стотици учесници беа потенцијални добитници на 20 VIVAX телевизори и 10 VIVAX смартфони. За тие кои ги следеа правилата следуваше големото извлекување во понеделник, 16.07.2018, ден по финалниот натпревар на светскиот мундијал.

Добитниците се објавени и известени преку официјалната Фејсбук страна на VIVAX Macedonia: https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/

VIVAX минатата година го прослави својот 10 годишен јубилеј во Македонија. Хрватската компанија како бренд постои веќе 15 години, како дел од M САН Групација – Хрватска.

Во Македонија е присутна 11 години преку ПАКОМ Компани којашто во својата дистрибутивна мрежа има 450 партнери, од кои 350 се VIVAX партнери, a во својата сервисна мрежа има 35 партнери.