
Неколку странски нафтени компании – „Халибуртон“, „КБР“ и „Шлумбергер“ – започнаа со евакуација на странски работници од нафтените полиња од Ирак во Кувајт преку граничниот премин Сафван, изјавија за Ројтерс два ирачки извори.
Овој потег следи по иранските напади во регионот за време на еднонеделниот конфликт меѓу САД и Иран.
Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека во последната фаза од својата операција, извршила комбинирани напади со ракети од нова генерација и беспилотни летала врз американските позиции во Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.
Фото: Pixabay













