Субрата Рој ќе гради споменик на Мајка Тереза на плоштад Македонија

16

majka_terezaПопладнево на плоштадот Македонија во Скопје ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.

Ќе се постави табла со приказ на споменикот на Мајка Тереза, со што ќе биде обелоденет неговиот изглед. Спомен-обележјето ќе биде подарок од компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, Сахара Индија.

Споменикот ќе биде подигнат во спомен и чест на делото на скопската хуманистка и добитничка на Нобеловата награда за мир Мајка Тереза, која својата благородна мисија ја извршуваше во Индија. Настанот ќе започне во 14.30 часот.