Судот “пресече“: Tesla не смее да сече дрвја во Берлин

53

Германскиот суд донесе одлука според која американскиот производител на електрични автомобили, Tesla мора да го запре сечењето дрва на неколку локации во близина на Берлин, каде што се подготвува изградбата на првата гигафабрика во Европа.

Врховниот управен суд ја поддржа претходната привремена забрана за сечење дрва откако две групи еколози се жалеле на одлуката од понискиот суд за дозвола за сеча на стеблата, пренесува Associated Press.

Во пресудата се наведува дека на рабовите од парцелата на којашто живеат заштитени видови не смеат да се сечат.

Компанијата планирала да ја отвори фабриката следното лето, но сега не се знае дали заради оваа одлука ќе има одложување.

Tesla очекува во новата фабрика да се произведуваат околу 150.000 електрични автомобили годишно, со план таа бројка да се зголеми на пола милион годишно.

Фото: Pixabay