
За да се помине низ Панамскиот канал, еден од животните линии на светската трговија, во моментов се потребни 21 ден, а поради сушата ситуацијата ќе се влоши.
Дури 154 големи океански бродови чекаат да поминат меѓу Северна и Јужна Америка, а сообраќаен метеж е создаден како резултат на големите суши кои ја погодија областа.
Низ каналот, кој беше повторно отворен во 2016 година по реновирањето, поминува стока во вредност од околу 270 милијарди долари.
@FoxNews what a mess at the Panama canal. 150+ cargo ships waiting, because low water levels due to drought. Ships are scheduling 21 days out for crossing. pic.twitter.com/kSjFDzyje0
— Robert (@ImTheBermanator) August 12, 2023
„Огромната гужва беше предизвикана од нискиот водостој. Намалена е достапноста на места за пловилата „панамакс“ – најголемите бродови што можат да поминат низ каналот, кои имаат капацитет од 4.500 контејнерски места. Во нормални услови дневно може да поминуваат 23 такви бродови, но поради сушата бројката е намалена на 14“, наведува Си-Ен-Ен.
Не само што се намалени резервираните места за минување низ каналот, туку властите издадоа и ограничување на тежината – 40 отсто помалку од вообичаеното, поради што капетаните на супертанкерите сега се во неволја.
Фото: facebook