Светот се оддалечува од сценариото за нова Студена војна

24

Новиот азиски договор за слободна трговија ја менува светската трговска мапа. Дали е за добро или за лошо, сè уште не е јасно.

Марион Јансен, шеф на трговскиот оддел на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), се надева дека Европската унија ќе преземе акција и заедно со демократиите на Далечниот исток – Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд – ќе спречат светот да се подели на два блока на моќ – околу САД и околу Кина.

“Се оддалечуваме од сценариото за нова Студена војна. A зошто се оддалечуваме од можноста за војна? Од една страна, се очекува Соединетите држави да имаат нов претседател кој не е толку воинствен. Од друга страна, според Јансен, со новиот договор, Пекинг покажува јасни знаци на отстапки. Договорот покажува дека Кина е целосно подготвена да направи отстапки. На пример, земјата за прв пат прифати дека податоци може да протекуваат од Кина. И второ, навистина се оддалечуваме од сценариото за нова Студена војна. Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд јасно ставија до знаење дека не сакаат светот да се подели на два блока“, рече Јансен во интервју за германскиот економски дневен весник Handelsblatt.

Фото: Pixabay