Тајните за успехот на најбогатиот човек во светот

131

Основачот на компанијата за онлајн трговија Amazon, Џеф Безос поседува богатство од 181,4 милијарди долари, а неговата компанија оваа година напредуваше повеќе од било кога.

Безос го зазема првото место на листата на најбогати луѓе во светот и тешко дека некој наскоро ќе го симне од тронот. Зад него е Илон Маск, основач на Tesla и SpaceX кој има богатство од 127, 9 милијарди долари, според индексот на Bloomberg Billionaires.

За почеток Безос вели дека добар сон е неопходен за нормалн функционирање наутро и затоа никогаш не се откажува од своите осум часа сон. Иако некои бизнисмени се фалат дека спијат само четири или пет часа, Безос не е меѓу нив.

Деловните состаноци ги организира наутро и тоа до десет часот. Тоа се состаноци кои ги нарекува “high-IQ meetings” и на нив ги донесув најважните делони одлуки за тој ден.

Кога ќе отчука 17 часот сите одлуки и предлози ги остава за наредниот ден.  Се фокусира на работи кои ќе се остварат по три години. Сега се крои планови за 2023 година, а додава дека одлуките се често двонасочна улица и треба да се биде храбар.

Фото: Facebook