Тинекс и Млекара АД Битола со донација за ДСУ Св. Наум Охридски

28

46317829-b8f8-4849-98fd-953c9c451e1aДвата македонски бренда Тинекс и Млекара АД Битола заедно донираа 30 кревети и 30 душеци за потребите на ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски.

“Чест и задоволство ни е што повторно можеме да помогнеме онаму кај што е најпотребно. Овој пат компанијата Тинекс, преку платформата Тинекс,ти и јас, во соработка со компанијата БиМилк помогна на Училиштето Св.Наум Охридски донирајќи 30 нови кревети и 30 душеци кои што се надеваме дека ќе придонесат за подобрување на престојот на децата во ова училиште,” изјави претставникот на Тинекс Цветанка Христовска.

Маркетинг менаџерот на Млекара АД Битола Полексена Ристеска исто така го искажа своето задоволство што двете компании спроведоа една ваква заедничка хумантирна акција.

“За Битолска млекара преставува големо задоволство секоја можноста да им се помогне на институциите како што е ДСУ за рехабилитација и образование Св.Наум Охридски кои што работат со најранливите групи во општеството. Во Тинекс пронајдовме партнер кој ја споделува визијата на компанијата за несебична заложба за помош на оние на кои им е најмногу потребно и денес со радост ја најавуваме првата од повеќе донации кои ќе бидат наменети за децата и младите со посебни потреби. Битолска млекара и во иднина ќе се вклучува во хуманитарни активности кои имаат за цел да им помогнат на децата и младите,“  изјави Ристеска.

Директорот на ДСУ Св Наум Охридски Стојче Андев се заблагодари за донацијата, која како што рече, придонесе многу за потребите на училиштето.

“Искрено сакам да им се заблагодарам на компанијата Тинекс и компанијата БиМилк за својата несебична поддршка која ја дадоа и излегоа во пресрет на нашите потреби. Се надевам дека оваа донација ќе претставува пример за останатите да донираат секогаш кога помошта е повеќе од потребна”, изјави.

По оваа донација, Млекара АД Битола и Тинекс, предвидуваат спроведување на уште неколку донаторски активности за јавните установи. Следните донации, како и оваа, ќе бидат во форма на материјални средства и помагала за подобрување на квалитетот на животот на децата и младинците со посебни потреби.