Топ пет натргувани акции неделава

88

Акциите на Комерцијална банка, Карпош Скопје, Алкалоид, Макпетрол и Реплек се петте најтргувани акции во период од 10-ти до 14-ти август, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Податоците покажуваат дека реализиран е вкупен промет од 1.024.992 евра или 56,58% помалку во споредба со претходната недела. Во текот на овие дени, направени се 241 трансакција или 47,85% повеќе во однос на минатата недела.

Пазарната капитализација неделава беше 3.262.995.186 евра, односно 0,14% на неделно ниво, додека пазарната капитализација денеска се позиционираше на 1.791.625.956 евра или 1,66% во споредба со минатиот петок.

Вредноста на индексот МБИ10 беше 4.258,32 поени или пад од 0,21%.

Фото: Freepik