Топ пет земји најголеми извозници на сол во светот

58

Холандија е земја број еден извозник на сол во светски рамки. Во земјата има два големи рудника – Hengelo и Delfzijl, коишто се меѓу најстарите наоѓалишта на сол во светски рамки.

Според податоците на World Atlas, Холандија од извоз на сол инкасирала 277 милиони долари. Зад нејзе се најде Германија со извоз на сол во висина од 205 милиони долари, додека Чиле со 189 милиони долари се позиционираше на трета позиција во светот.

Во првите пет извозници на сол влегуваат и Канада со 170,9 милиони долари и Мексико со 154 милиони долари извоз на сол во светот.

Фото: Pixabay