Цементарница Усје ќе исплаќа аванс на дивиденда

8

Одборот на директори на Цементарница Усје донесе одлука за распределба на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември оваа година.

“Цементарница Усје за периодот јануари – септември оваа година оствари добивка во износ од 1.135.985.262 денари. За тој период да се распредели аванс на дивиденда за акционерите во бруто износ од 1.135.460.976 денари, односно бруто износ од 2,104 денари за една акција“, стои во одлуката.

Последен ден на тргување со право на аванс на дивиденда за периодот е трети декември оваа година. Прв ден на тргување без право на аванс на дивиденда е четврти декември.

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат аванс на дивиденда е седми декември.

Исплатата на авансот за дивидендата ќе се изврши најдоцна до 31.12.2020 година.