Црна Гора ги отвора границите за Македонија

111

Црна Гора од утре ги отвора границите за граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија, најави Бобан Мугоша, директор на Институтот за јавно здравје.

За влез во Црна Гора, како што пренесува Vijesti.me, најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки ЕЛЕСА.

Според Мугоша, оваа одлука се носи на барање на туристичките работници во Црна Гора.

Тој рекол дека земјата е во фаза во којашто и понатаму е висока локалната трансмисија, но ситуацијата била под контрола.

Фото: Freepik