Црна Гора преку платформа ќе ги следи странските туристи

33

Властите во Црна Гора донесоа одлука за формирање мобилна платформа и веб портал за следење на движењето на странските туристи и потенцијално ширење на коронавирусот во оваа земја, пишува Pobjeda.me.

“Целта е да им се овозможи на странските туристи да се чувствуваат безбедно и сигурно, да се изолираат новите потенцијални жаришта во хотелите и сместувачките капацитети во најкраток можен рок, водејќи евиденција на пријавените локации каде што отседнуваат туристите“, велат од црногорската влада.

На овој начин, на претставниците од Институтот за јавно здравје ќе им биде обезбеден едноставен контакт со сите лица за кои постои сомнение дека би можеле да бидат инфицирани во случај на појава на ново жариште.

Фото: Freepik