Црна Гора со три милиони евра поддршка за сопствениците на приватно сместување

19

Владата на Црна Гора на сопствениците на приватно сместување ќе им одобри три милиони евра субвенции, коишто се најмногу погодени од лошата туристичка сезона во земјата, предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

“Имајќи го предвид силниот негативен ефект на пандемијата врз работата на сопствениците на приватно сместување, планирана им е поддршка на основа на евидентирани сместувачки капацитети во висина од три милиони евра“, стои во третиот пакет социоекономски мерки, пренесуваат тамошните медиуми.

Регистрацијата на приватно сместување е надлежност на општините, а се верува дека станува збор за повеќе од 10.000 сопственици на ваков вид на сместување.

Фото: Freepik