Турција: Бројот на кредитни картички за четири години удвоен на 68 милиони

27

Бројот на кредитни картички во Турција што ги користат поединци е зголемен за повеќе од двојно во последните четири години, според податоците на BDDK, национален банкарски регулатор.

Во земјата се валидни преку 68,1 милиони картички. Бројките покажуваат дека во септември 2008 година имало 32 милиони кредитни картички, а минатата година во истиот месец бројката достигнала 52,2 милиони.

Не е за изненадување податокот дека само во Истанбул се користат 23,65 милиони кредитни картички, а потоа следуваат Анкара, Измир, Анталија и Адана.

Ова зголемување на бројот на кредитни картички е проследено со раст на картички со лоши кредити. Бројот на картички “заглавени” во лоши кредити од 2,1 милиони пред четири години, сега е зголемен на 4,2 милиони.