Турција планира да користи птици против дроновите

23

orel i dron

Можните закани од дроновите по цивилниот воздушен сообраќај бележат пораст во Турција, по што земјата би можела да користи орли во намалување на овој вид закани, пишува Хуријет.

“Главниот проблем со дроновите е тоа што никој не знае во чија сопственост се. Во новата меѓународна регулатива, веќе е задолжително регистрирање на дроновите. На крајот, ќе знаеме чии дронови летаат над нас. Најефективниот начин да се намалат заканите кон цивилниот воздушен сообраќај е употребата на орли, коишто се прилично добри во фаќање дронови. Овој метод сега се користи на аеродром во Амстердам. Ја анализираме идејата за да може да ја имплементираме и кај нашите аеродроми“, изјави Сердар Хусеин Јилдирим, претседател на Генералниот директорат на агенцијата за државни аеродроми.

Употребата на дронови за воени, комерцијални, па дури и рекреативни цели, постојано расте. Експертите стравуваат дека доколку не се регулира нивното движење, наскоро би можеле да се судираат со комерцијални авиони, што би предизвикало сериозни последици.