Туристичките дестинации ги заменија со одмор на село

60

Поголемиот дел од Шпанците, поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, нема да патуваат во странство ова лето. Околу 70% од Шпанците планираат годишниот одмор да го поминат во рурални подрачја или во рамки на својата земја, покажува студијата на порталот за рурален туризам EscapadaRural.com, пренесува Seebiz.

Од 10.000 испитаници, 52% одговориле дека ги промениле плановите поради коронавирусот, па наместо во странство, ќе патуваат во некој дел од Шпанија.

“Не ни беше лесно да го организираме патувањето во Хрватска, но нема смисла да се потрошат толку многу пари на патување каде можеби нема да имаме прилика да ги посетиме сите места поради санитарни мерки… Шпанија сепак има прекрасни села коишто не ги цениме доволно, дури и не знаеме дека постојат. Поради тоа, ова лето одлучивме да одиме на село и да ја запознаеме својата земја“, изјавила 21-годишната Паула Каскан од Барселона, која со месеци штедела пари за да замине на одмор во Сплит, но нејзиниот план пропаднал и го заменила со селото Бенафарсес во кое има 86 жители. Селото е познато по полиња со лаванда и се наоѓа во централниот дел на Шпанија.

Минатата година во Хрватска беа регистрирани 315.000 гости од Шпанија, што е за 8% повеќе во однос на 2018 година. Омилени дестинации на Шпанците во Хрватска им се Дубровник, Загреб, Сплит, Хвар и Плитвички езера.

Фото: Freepik