Турскиот извоз достигна историски максимум од 17,3 милијарди долари во октомври

45

Турскиот извоз во октомври забележа највисоко ниво во историјата и се искачи на 17,3 милијарди долари, објави министерот за трговија на земјата, Рухсар Пекџан.

“Бидејќи трговијата продолжи да закрепнува од ефектите на пандемијата на коронавирусот, извозот во октомври се зголеми за 5,6% на годишно ниво, а вкупниот обем на трговијата достигна над 37 милијарди долари во октомври“, рече Пекџан.

Трендот на извоз во октомври, според министерот, е индикатор којшто покажува дека извозот на земјата ќе продолжи да расте, пренесува Daily Sabah.

Во извозните производи доминираше автомобилската индустрија, конфекција, хемикалии и накит.

Фото: Pixabay