Тузла ќе добие висечки трамвај вреден 76 милиони евра

18

Босанскиот град Тузла ќе добие висечки трамвај во вредност од 76, 7 милиони евра и тоа е воедно и најголемиот деловен потфат во рамките на каталогот со проекти од јавно-приватно партнерство којшто беше претставен во Босанскиот културен центар во градот, пишува BiznisInfo.

Овој проект сега ги чека своите инвеститори, како и останатите 43 од каталогот, а севкупната вредност на истите е околу 173 милиони евра.

Каталогот со проектите е дело на Министерството за економија на Тузланскиот кантон во соработка со USAID.

Според авторите, висечкиот трамвај ќе го подобри квалитетот на јавниот транспорт во Тузла, а воедно ќе придонесе и за намалување на загадувањето што е голем проблем, особено во зимскиот период.

Инаку станува збор за многу сложен инфраструктурен проект којшто бара големи вложувања. Креаторите на каталогот истакнуваат дека засега постои иницијална идеја и дека градот Тузла ќе ја покрене реализацијата во соработка со ресорните институции, а сите останати фази, освен прибирањето на документација ќе ги реализира инвеститорот.

Се предвидува преоектот да се реализира во следните пет години.

Колку и да се чини неверојатно, вакви проекти со јавно приватно партнерство се редовна појава во светот, велат авторите. Така, во САД моментално се реализираат вакви проекти во вредност од 300 милијарди долари, во Велика Британија вредноста им е околу 60 милијарди долари, Франција работи на проекти вредни 40 милијарди долари итн.

Фото: Pixabay