Угостители подготвуваат оброци за вработени во ковид болници

46

Угостители од српскиот град Врање започнаа хуманитарна акција со цел да покажат благодарност на најголемите борци во епидемијата, а тоа се 30-тина вработени во тамошните ковид болници, пренесуваат српските медиуми.

Вработените во овие болници се пријатно изненадени од овој гест, а во исто време им се заблагодаруваат за тоа што различни начини им помагаат на лекарите и вработените во здравствените установи да се изборат во тешките услови што ги наметна пандемијата.

Прв оваа акција ја почнал Ивица Цветковиќ, сопственик на кафеана во Врање, кој прв предложил на вработените во ковид болниците да им се подготвуваат топли оброци за вечера.

Фото: Freepik