УЈП: Издавање декларација и налог за плаќање по МПИН пресметка по електронски пат

174

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува обврзниците дека МПИН пресметките за бруто плата (месечна пресметка за интегрирана наплата) се доставуваат преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk.

“По приемот и обработката на пресметките, УЈП издава декларација и налог за плаќање што се доставуваат на електронската пошта на обврзникот, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата“, стои во соопштението на УЈП.

Доколку обврзникот не ги достави пресметките на вообичаениот начин преку електронска пошта, односно пресметките ги доставува на електронски медиум (ЦД, УСБ и слично) на шалтерите, УЈП врши обработка на МПИН пресметките, а декларацијата и налогот за плаќање се издаваат на електронскиот медиуми на којшто обврзникот ја доставил пресметката за бруто плата.

“Апелираме обврзниците да ги поднесуваат пресметките за бруто плата преку електронска пошта celplata@ujp.gov.mk, со што ќе заштедат време и трошоци, односно нема да имаат потреба да доаѓаат на шалтерите на УЈП“, велат од УЈП.