УЈП ќе воспостави нов ИТ систем

17

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе воспостави нов ИТ систем, чија цел е раст на приходите за 1% до 3% за една година, додека за 10 години растот ќе биде 100 милиони евра, беше истакнато на денешната прес конференција за ИПА проектот Изработка на студија за ИТ системот на УЈП.

“Како системот станува прифатен од страна на даночната администрација, така и од даночните обрзници, се појавува тренд на зголемување на даночните приходите секоја година“, рече директорот на УЈП, Горан Трајковски.

Тој нагласи дека УЈП работи на информатички систем воспоставен во 1996 година и е во постојана надоградба, но потребен е нов ИТ систем што ќе обезбеди брзи, квалитетни и точни услуги.

Тој истакна дека Управата за јавни приходи работи на база воспоставена во 1996 година и во текот на годините наназад е надоградуван, но сега е потребен нов интегриран ИТ систем кој ќе биде во полза на даночните обврзници кои ќе добиваат брза, квалитетна и точна информација од Управата.