УЈП: Продолжен рокот за примена на повластена даночна стапка за прв промет на станови и станбени згради

45

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност објавен во Службен весник бр. 198 од 31.10.2018 година, пропишано е продолжување на рокот за примена на повластена даночна стапка од 5% за секој извршен прв промет на станови и станбени згради што се користат за станбени цели и којшто ќе се изврши во рок до пет години по изградбата, стои во соопштението на Управата за јавни приходи (УЈП).

Повластената даночна стапка од 5% на првиот промет на станови и станбени згради ќе се применува до 31.12.2023 година.