Ќе се укине таксата од 100 евра за македонските камиони на Косово

32

kamioni1Според министерот за економија Ваљон Сарачини, таксата од 100 евра за камионите од Македонија при влез во Косово ќе се укине до среда.

“Главниот проблем е во Договорот за регулирање на патниот сообраќај, поточно членот 6 со кој се регулира делот на транспорт во трети земји. Има постојана комуникација меѓу двајцата министри за транспрот и врски. Очекувам тие до среда да го регулираат ова прашање и нашите превозници во Косово да нема да имаат потреба да плаќаат такса од 100 евра со што ќе се задржат добрите економски односи меѓу двети земји.”

Ова го изјави Сарачини по потпишувањето на Договорот за туризам со заменик претседателот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила.

Министерот додаде дека е неопходно двата министри да најдат заедничко решение за надминување на проблемот.

Вицепремиерката Кусари-Лила рече дека одредбата што ја спроведува Министерството за инфраструктура е за заштита на косовските интереси.

“Од пред две години од косовска страна иницирано е потпишување на договор за соработка во областа на транспортот меѓу двете земји. Не знаеме зошто има двоумење и се уште не се потпишува од македонска страна. Се надеваме дека ќе се надминат проблемите со оваа такса со договорот кој треба да се потпише до среда”, рече Кусари-Лила.