Универзитет ќе плати милион долари на професорки што земале помала плата од машки колеги

48

Универзитетот Принстон во САД се согласил да им исплати речиси еден милион долари во заостанати надоместоци на професорките откако било утврдено дека имало разлики во платата помеѓу машките и женските професори, пишува Independent.

“Во анализа на платите доделени во периодот од 2012 и 2014 година било откриено дека 106 професорки добивале помала плата од нивните машки колеги. Универзитетот се согласил да ги обесштети професорките за да се одбегнат долги и скапи судски спорови“, изјави Бен Џенг, портпарол на универзитетот.

Според достапните податоци, професорките на универзитетот имале околу 235.000 долари годишна плата во 2018 година додека годишната плата на професорите изнесувала 253.000 долари.

Универзитетот ќе им исплати вкупно 925.000 долари на професорките што биле нееднакво платени, а треба да одвои и 250.000 долари за идните приспособувања на платите.

Фото: Freepik