Уште една авиокомпанија им дели бонуси на вработените

Американската авиокомпанија Southwest Airlines донесе одлука на своите вработени да им подели бонуси во висина од 667 милиони долари, пренесуваат странските медиуми.

Со оваа одлука, вкупно 60.000 вработени добиваат дополнителни 11.000 долари, односно нешто над 12% од годишната плата што ја добиваат во компанијата.

Southwest Airlines го следи примерот на Delta Air Lines, којашто на своите вработени им понуди бонуси во висина од 1,6 милијарди долари или 16,6% од годишната плата на секој вработен.

Фото: Facebook