Virgin Galactic на Ричард Брансон излегува на берза

21

Virgin Galactic, компанија за вселенски туризам на Ричард Брансон, излегува на берза, пишува Mashable.

Компанијата Social Capital Hedosophia Holdings Corp. инвестира 800 милиони долари, со што ќе стане сопственик на 49% од Virgin Galactic, а нејзиниот основач и извршен директор Чамат Палихапитја, дополнително ќе инвестира 100 милиони долари и ќе стане претседател на сојузот.

Од основањето во 2004 година, компанијата на Брансон им обезбедено повеќе од една милијарда долари, од коишто најголемиот дел лично од него.

Со излегувањето на берза, Virgin Galactic ќе се натпреварува со два други гиганти – Blue Origin на Amazon и SpaceX на Илон Маск.

Од компанијата велат дека веќе имаат повеќе од 600 резервации за патување во вселената од 60 различни земји. Тоа значи околу 80 милиони долари депозит и уште 120 милиони како потенцијални приходи.

Британскиот бизнисмен се надева дека првите туристи на Virgin Galactic ќе ја посетат вселената за неколку години.

Фото: Facebook