Вкупна потрошувачка по видови енергенти за ноември 2017

56

reflection-3095708_960_720

Фото: Pixabay

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во Република Македонија, во ноември лани, изнесува 669.176 МWh електрична енергија, 36.546 мил. нм3 природен гас, 439.293 тони јаглен и 88.048 тони нафтени производи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 75,4% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,7% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Според официјалното соопштение, увозот на енергија за ноември 2017 изнесувал 224.682 МWh, додека извозот 60.178 МWh.