Вкупна потрошувачка по видови енергенти

22

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во јули оваа година, изнесува 602.078 МWh електрична енергија, 2.336 мил. nm3 природен гас, 430.246 тони јаглен и 87.434 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 64,03% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.